Цените за спроведување на енергетските контроли и за обуките и испитите за контролорите со посебен правилник ќе ги одреди Агенцијата за енергетика. Ова ќе овозможи отворање нови работни места, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и заштита на животната средина, како и оптимизирање на трошоците на повеќе институции и распределба на средствата во други развојни проекти во иднина. Секој граѓанин во јануари ќе може да аплицира во Агенцијата за лиценца за енергетски контролор, која ќе ја добие по завршување на обуките. Со лиценцата потоа ќе може да се вработи во овластена компанија за спроведување на енергетските контроли.
Цените за спроведување на енергетските контроли и за обуките и испитите за контролорите со посебен правилник ќе ги одреди Агенцијата за енергетика, најави министерот за економија Ваљон Сараќини.
Ова, како што рече, ќе овозможи отворање нови работни места, подобрување на квалитетот на живот на граѓаните и заштита на животната средина, како и оптимизирање на трошоците на повеќе институции и распределба на средствата во други развојни проекти во иднина.
Секој граѓанин во јануари ќе може да аплицира во Агенцијата за лиценца за енергетски контролор, која ќе ја добие по завршување на обуките. Со лиценцата потоа ќе може да се вработи во овластена компанија за спроведување на енергетските контроли.
Законот за енергетика предвидува сите државни институции во наредните три години да спроведат енергетски контроли, по што ќе добијат енергетски пасош. Со тоа ќе се знае која институција колку енергија троши. Според директорот на агенцијата, Лазар Гечевски, за општа контрола ќе се плаќа максимум 30 денари за квадратен метар и по 50 денари за деталната енергетска контрола.